X
 20.01.2019 Живот

Забрането е...

Забрането е

Забрането е да се плаче, а да не се научи ништо
да се пробудиш во денот, а да не знаеш што да правиш,
да бидеш исплашен од сопствените спомени.

Забрането е да не се смееш на проблемите,
да не се бориш за она што го сакаш,
да се откажеш од сѐ поради сопствениот страв
да ги реализираш своите соништа.

Забрането е да ги оставиш своите пријатели,
да не се обидеш да го сфатиш сето она што сте го проживеале заедно
и да им се јавуваш само кога ти се неопходни.

Забрането е да не бидеш свој пред другите,
да се преправаш пред луѓето за кои се грижиш,
да изигруваш кловн за да те запомнат,
и да ги заборавиш сите оние на кои им е грижа за тебе.

Забрането е да не направиш сѐ за себе самиот,
да бидеш исплашен од животот и она на кое животот те обврзува,
да не живееш секој ден како да ти е последен.

Забрането е да ти недостига некој без радост,
да заборавиш нечија насмевка и очи,
сѐ само затоа што неговиот пат повеќе не се среќава со твојот,
забрането е да го заборавиш неговото минато
и да ја замениш неговата сегашност.

Забрането е да не се обидеш да ги сфатиш другите
да мислиш дека нивниот живот е повреден од твојот,
да не спознаеш дека секој има свој пат и слава.

Забрането е да не создадеш сопствена приказна,
да немаш момент за оние на кои им си потребен,
да не сфатиш дека она што го дава животот, може и да го земе.

Забрането е да не бараш среќа,
да не живееш живот со позитивен став,
да не сметаш дека секогаш можеме да бидеме подобри;

Забрането е да заборавиш дека без тебе
овој свет не би бил ист...

Алфредо Куерво Бареро
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот