27.11.2023
Живот
Посебен режим на сообраќај утре поради генерална проба за министерскиот совет
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 28.11.2023 година, од 9 до 12 часот, поради одржување генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“. кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул. „Љубљанска“ и бул. „8 Септември“ од крстосница со ул. „Скупи“ до крстосница со бул. „Партизански одреди“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Фото: МВР