Во текот на владеењето на Јосип Броз Тито, но и во годините по неговата смрт, во 1980 година, десетици улици и плоштади во градовите на поранешна Југославија биле именувани по него. Сепак, има и неколку подалечни земји во кои името на Тито сè уште краси некои поважни локалитети.
Во Италија има вкупно шест улици кои сè уште го носат името „via Josip Broz Tito“, односно „via Maresciallo Tito“, а се наоѓаат во Кампанија, Нуоро, Палма ди Монтекјаро, Парма, Кварто Кастела и Реџо Емилија.
Благодарение на големото пријателство со алжирскиот народ, во градот Баб Езуар има парк именуван по Тито, додека во Каиро, Египет, улица недалеку од аеродромот сè уште го носи името на поранешниот југословенски лидер.
Тоа не се единствените африкански градови во кои има места именувани по Тито. Имено, во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, една од улиците во центарот на градот се вика Јосип Броз Тито, а во Тунис, поточно во Суса, името на Тито го носи една авенија, исто како и во Акра, престолнината на Гана. Во нигерискиот град Абуџа исто така има улица која сè уште го носи името на Јосип Броз.
Во Јужна Америка, односно во бразилскиот град Сао Пауло, сè уште има авенија што го носи името на Тито.
На Кипар има две улици, во градовите Лимасол и Дали, крстени по Тито.
Во Москва има плоштад именуван по Тито, а има и еден град Титов во руската област Ростов.
Во Казахстан исто така едно место го носи името Титово, а во Индија по претседателот на поранешна Југославија се именувани две улици - во Њу Делхи и во Џодпур.
Тука можете да ја видите листата со местата именувани според
Јосип Броз Тито. Сега некаде има промени, но сè уште има многу места именувани по Тито.