X
 31.10.2025 Живот

Открила како навистина изгледа Северна Кореја: „Можеби сето тоа беше претстава за нас“

Северна Кореја повторно ги отвори своите граници за туристите, првпат по пет години целосна изолација предизвикана од ковид-пандемијата. И додека земјата на Ким Џонг-ун сè уште предизвикува страхопочит и сомнеж низ целиот свет, една жена реши да открие што навистина се крие зад затворените врати на земјата.

Северна Кореја со децении е синоним за диктатура и пропаганда. Ким Џонг-ун е познат по своите застрашувачки тактики и демонстрирање нуклеарна моќ. Посетата на оваа земја е и понатаму исклучително тешка, а туристите кои сепак успеваат да добијат дозвола мора строго да ги почитуваат сите правила, вклучувајќи го и задолжителното поклонување пред монументалните статуи на поранешните лидери.

Сега границите се отворени речиси за секого, освен за американски државјани. На источниот брег е отворено и ново туристичко одморалиште, иако засега таму престојувале само руски туристи.

„Сè е исто како пред десет години“

Познатиот патописец и јутјубер Дру Бински, кој ја посетил Северна Кореја пред десет години, овој пат не можел да влезе поради своето американско државјанство. Затоа ја испратил својата пријателка од Латвија, која го документирала своето искуство од Пјонгјанг на неговиот канал.

Бински во видеото објаснува дека од неговата посета во 2015 година ништо не се променило. Туристите и понатаму постојано се под надзор на водичите кои ги претставуваат интересите на Работничката партија на Кореја.

- И понатаму не смеете да го напуштате хотелот, ниту да правите нешто што не е однапред одобрено - вели тој.

Сепак, постои еден начин да се почувствува барем малку слобода - учество во Пјонгјанг маратонот.

- Ако трчате на маратонот, можете наутро да излезете на трчање без водич - вели тој. Латвијката изјавила дека буквално немало никој на улиците додека трчала, но дека ја побарале штом не се појавила на појадокот.

Строги правила и чудни ситуации

За време на обиколката низ градот, туристите мора да положат цвеќе и да се поклонат пред главниот споменик на лидерите. Пропагандни постери и сувенири се продаваат само во официјални продавници, а секој оброк и пијалак внимателно се испланирани.

Најнеобичниот момент, сепак, се случил по вечерата.

- Беше петок, околу девет навечер. Шетавме по улицата кога одеднаш почна да свири гласна корејска музика. Дали беше тоа случајност или претстава за нас? Никогаш нема да дознаеме - раскажува пријателката на Бински.

Тајна што сè уште трае


Иако Северна Кореја повторно ги отвори своите граници, сепак останува мистериозна. Дури и оние што ја посетиле не можат со сигурност да кажат што е вистинска реалност, а што внимателно режирана претстава за странските очи.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот