X
 27.12.2016 Живот

Џорџ Мајкл: „Целиот бизнис е заснован на его, суета и само-задоволство и не е во ред да мислиме дека не е така“

Ова се неколку изјави на Џорџ Мајкл кои тој ги дал во текот на неговата успешна кариера.

1. Пронаоѓање на вистинската личност


Во 80-те и 90-те Џорџ Мајкл многупати беше споменуван во медиумите каде што се шпекулираше дека е хомосексуалец. Тој едноставно постојано ја потенцирал важноста на пронаоѓањето на вистинската личност, кога го прашувале за неговата сексуална определба.

„Никогаш нема да кажам дека сум геј. Никогаш не сум помислувал дали мојата сексуална определба е правилна или погрешна. Едноставно за мене секогаш беше важно да ја пронајдам вистинската личност.“

2. За марихуаната

Мајкл отворено зборувал дека користи марихуана, но немал комплетно позитивен став во врска со тоа, туку ја препорачувал на луѓе кои се во „вистинска состојба“ за да ја користат.“

„Оваа работа ме одржува разумен и среќен. Можам да пишувам и без тоа...ако бев разумен и среќен.. Би рекол дека е одлична дрога, но не многу здрава. Не можеш да си дозволиш да ја користиш ако имаш нешто друго да работиш. Може да биде и многу лоша дрога. Мора да бидете во вистинската позиција за да ја земате. Би требало да ги реализирате повеќето ваши амбиции бидејќи марихуаната толку многу те релаксира, што можеш и да ги изгубиш емоциите.“

3. За откривањето на приватниот живот

„Заради моите проблеми со медиумите и законот, многу работи од мојот живот стигнаа до медиумите и бев приморан да откријам многу повеќе за себеси отколку порано. Затоа, кога излегувам на сцена, луѓето гледаат обликувана личност. Гледаат некој кој има слабости и силни страни. И тоа прави голема разлика, што се однесува до топлината која се јавува на настапите. Неверојатно е. “

4. За славата

„Нема такво нешто како неподготвена ѕвезда. Ѕвездите се речиси секогаш луѓе кои сакаат да надоместат за својата слабост со тоа што ќе бидат сакани од јавноста и јас не сум исклучок.“

5. За немањето чувство на срам

„Сакам да кажам дека немам проблем со тоа што луѓето знаат дека во моментов сум во врска со маж и не се срамам. Се чувствувам глупаво и несовесно што дозволив мојата сексуалност да биде изложена на таков начин. Но, не чувствувам срам во секој случај.“

6. За шоу бизнисот

„Целиот бизнис е заснован на его, суета и само-задоволство и не е во ред да мислиме дека не е така.“

7. За американската влада

„Не ги сметам Американците за насилници, но сметам дека американската влада е насилничка. Нашата влада треба да ја разубеди исламската популација дека нема да одиме на Блискиот Исток со насилен став, слепо следејќи ја Америка.“

Џорџ Мајкл беше водечка фигура во поп музиката и неговата смрт остава голема празнина во музичкиот свет, приклучувајќи се на Дејвид Боуви и Принц, музичарите кои исто така починаа во 2016. Џорџ Мајкл имаше 53 години.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот