X
 09.06.2020 Култура

Последното интервју со Џон Ленон

Последното интервју со Џон Ленон било направено во емисијата „Тумороу шоу“, а снимено на 8 април 1975. Интервјуто трае еден час, а го води Тим Снјадер.

Во периодот кога Ленон го снимил интервјуто, во тек била процедура за негово потенцијално депортирање од САД поради обвинение од 1968 дека поседувал канабис во Лондон. Во интервјуто адвокатот на Ленон, Лион Вајлдс, му се приклучува на клиентот за да зборува за случајот.

Интервјуто било повторно емитувано по убиството на Ленон на 8 декември 1980. Како што вели водителот во емисијата, интервјуто не е одлично, во него нема нешто премногу забавно, не содржи историски информации, ниту нешто ново, но има делчиња од човекот кој бил дел од промената во популарната музика во текот на 60-тите години.


Извор: faroutmagazine.co.uk 
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура