Бременоста како најубав период во животот и најголем подарок на секоја жена ѝ носи неопислива количина на радост. Со сета таа радост, трудниците имаат многу прашања за тоа што треба да внесат во организмот, за веднаш да почнат да се грижат за здравјето на бебето и секако за нивното здравје. Затоа накратко ќе ви ја презентирам и образложам азбуката на есенцијалните витамини во бременоста и колку тие се потребни за една здрава бременост.
Што е важно за исхраната за време на бременоста?
Периодот на бременост е еден од најпребирливите периоди за правилна исхрана во животот на жената. Соодветната исхрана во бременоста ја обезбедува основата за нормален развој на бебето, а создава енергетски резерви за породување и доење. Метаболизмот во бременоста бара дополнителен внес на исхрана со добро балансирана и разновидна исхрана. Додатоци во исхраната (витамини и минерали во бременоста) обично се потребни бидејќи е тешко да се избалансираат со храна сите хранливи материи што ви се потребни во бременоста за нормален раст и развој на бебето.
Зошто ми се потребни суплементи - витамини и минерали во бременоста?
Витаминско-минералната суплементација содржи витамини и минерали неопходни за нормалниот тек на бременоста, како и за растот и развојот на бебето во текот на целата бременост. Витаминските комерцијални пакувања во бременоста обично се специјално дизајнирани да ги содржат сите потребни суплементи неопходни за бременоста.
Зошто холинот е важен за време на бременоста?
Холинот е потребен за раст на фетусот, соодветна плацентарна функција, развој на феталниот мозок, структурата и функцијата на сите фетални клетки. Холинот е суштинска хранлива материја која не може доволно да се произведе во нашето тело и треба дополнително да се зема, особено за време на бременост и доење поради брзото размножување на клетките и растот на ткивата кај мајката и бебето. Неодамнешните истражувања покажаа дека холинот помага во нормалниот развој на мозокот на бебето, а подоцна по раѓањето ги подобрува когнитивните перформанси кај децата. Исто така, новото истражување покажа дека адекватниот внес на холин за време на бременоста ја намалува појавата на прееклампсија и индиректно влијае врз намалената инциденца на дијабетес за време на бременоста. Поради интензивната клеточна делба и брзиот раст на мајчините и феталните ткива, бремените жени имаат 20% зголемена потреба за внес на холин, додека доилките ја зголемуваат оваа потреба на 30%. Поради неговата екстремна важност, ФДА (Американска администрација за храна и лекови) и ЕФСА (Европска агенција за безбедност на храна) одлучија дека холинот мора да се додаде во пренаталните витамини и минерали наменети за бремени жени и доилки.
Зошто е потребна фолната киселина - фолати за време на бременоста?
Фолната киселина во организмот се претвора во фолат, која во суштина е активна форма на фолна киселина, која само како таква дејствува на многу процеси во телото на трудницата. На трудницата ѝ требаат фолати бидејќи придонесуваат за нормален состав на крвта, раст и развој на новите фетални ткива. Но, не сите жени се способни да користат фолна киселина поради можен недостиг на ензими, поради што не можат да ја претворат фолната киселина во активна форма на фолати, кои се неопходни за здрав развој на новороденчето. Една од две жени не може целосно да ја трансформира фолната киселина во биолошки активна форма. Препаратите што содржат фолати (Metafolin® во Femibion®) не бараат конверзија во организмот, но веќе имаат активна фолна киселина - фолат, која директно може да влијае врз нормалниот развој на бебето.
Зошто се потребни омега-3 масни киселини за време на бременоста?
Омега-3 масните киселини се есенцијални за развојот на мозокот на бебето и се важна компонента за развој на клетките на мрежницата во окото. Омега-3 масните киселини - DHA ја намалуваат фреквенцијата на предвремено породување, ја зголемуваат тежината на новороденчето и можат да бидат корисни во случаи на ризична патолошка бременост. DHA ја подобрува визуелната острина кај доенчињата, вниманието, исто така влијае врз развојот на когнитивните и моторните способности на бебињата по раѓањето.
Зошто е потребен лутеин за време на бременост и доење?
Лутеинот е супстанција која човек мора да ја внесува во исхраната бидејќи не може сам да ја синтетизира. Количините земени со редовна исхрана не можат да ги задоволат потребите на трудниците или доилките. Поради овие причини, лутеинот мора да се внесува преку додатоци во исхраната. Меѓу другото, лутеинот игра исклучително важна улога во формирањето и функционирањето на очите на фетусот.
Следниве витамини се исто така важни во бременоста:
Витамини од Б комплекс, Б1, Б2, Б6, тие се вклучени во метаболизмот на протеините, мастите и јаглехидратите. Учествуваат во нормалното функционирање на нервниот систем и го помагаат дејството на фолатите.
Витамин Ц
За време на бременоста, потребата за витамин Ц се зголемува за дополнителни 10 mg на ден и е многу важна за нормалната имунолошка функција на трудницата.
Витамин Д
Витаминот Д го контролира количеството на калциум и фосфат во телото, кои се потребни за развој на коските и забите, а исто така влијаат на здравјето на мускулите. Нашите тела произведуваат витамин Д кога нашата кожа е изложена на сонце. Не е познато точно колку време е потребно на сонце за да се направи доволно витамин Д за да се задоволат потребите на телото, но во принцип сите постари од 4 години, вклучително и бремени жени и жени кои дојат, треба да размислат за земање дополнителен витамин Д (барем од септември до април кога се намалува количината на сончева светлина).
Јод
Јодот е важен за производство на тироидни хормони кои се неопходни за нормален развој на бебето.
Исто така, бременоста бара повеќе Fe, калциум, Mg, витамин Е, цинк, кои може да се внесат во организмот во потребната количина со соодветна исхрана, а понекогаш и во форма на суплементи.
Еве ги дневните потреби на некои суплементи за време на бременоста:
Фолна киселина 0,4 mg (0,6 mg втор и трет триместар)
Калциум - мин. 250 mg
Јод 150 mcg
Витамин Д 200 - 600 и.ј.
Fe 27 mg
Кога треба да користите додатоци (витамини и минерали) за бременост?
Доколку планирате бременост, се препорачува да користите суплементи еден месец пред зачнувањето; доколку се работи за непланирана бременост, се препорачува да започнете со користење на суплементите од моментот кога ќе дознаете дека сте бремени.
Витамините и минералите треба да се земаат во текот на целата бременост, но и во периодот на доење кога продолжуваат зголемените потреби на мајката за хранливи материи.
Автор: д-р Михајло Вангелов, гинеколог