X
 28.01.2016 Образование

Како во светот на технологијата да го научите детето да избере книга?

Децата денес читаат помалку од било кога, и времето повеќе би го поминале гледајќи цртани и емисии на телевизија или играјќи игри на телефонот или на таблетот. Затоа, не е необична глетка кога три годишно дете вешто работи со паметниот телефон, но затоа прилично грубо ги врти страниците од една сликовница.

Како во светот на технологијата да се воспита детето повеќе да сака да чита книги отколку да гледа телевизија или да седи на компјутер/таблет? Ако му читате редовно, тогаш вие сте на добар пат. Читајте што сакате, препорачуваат експертите, дури и подобро би било да му читате нешто што ве интересира вас, на пример за спортото или модата, отколку да не му читате ништо. Со тоа ќе го зголемите детскиот речник и го промените нивниот мозок.

Никогаш не е премногу рано за да започнете да му читате на вашето дете

Од читањето направете еден мал ритуал и навика. На тој начин, ќе добиете навика да му читате од 5 до 7 пати неделно. Идеално би било на детето да му читаат повеќе членови од семејството бидејќи секој читател има своја посебност, различно ги имитира гласовите, а децата добиваат различни перспективи од приказната.

Зачленете го вашето дете во библиотека уште на мала возраст и поттикнете го самото да избере која сликовница или која книга ќе ја земете.

Не се жалете ако истата книга треба да ја прочитате по стоти пат

Вашето дете повторно сака да му ја прочитате приказната за Петар Пан, а вас веќе ви здосади оваа приказна бидејќи 10 вечери наназад сте му ја читале? Издржете, бидејќи вашето дете не ве малтретира намерно ниту пак е ограничено. Едноставно, тоа ужива во истата приказна и сака да го впие секој зборо, а секое ново читање објаснува некој нов детал кој потоа може да се поврзи со работите од реалниот живот. Читањето на исти приказни всушност кај малите деца е читање со разбирање.

Понекогаш читајте и нешто што вие ќе изберете

Резервирајте барем две ноќи неделно во кои сепак ќе го одложите читањето на веќе прочитаната книга и заменете ја со некоја класика или приказна која вие сте ја сакале во детството. Но, книгата треба да биде прилагодена за возраст на детото, бидејќи неговото внимание може да попушти доколку нема доволно слики или доколку му е тешко да ја следи приказната. Сепак, ако децата уживаат во она што не го разбираат, тогаш изберете нешто за ваше задоволство.

Смислете активност која ќе се надоври на веќе прочитаното


За читањето да не биде само читање, треба малку да го поттикнете детето да го искористи знаењето од самото читање. Искористете ги некои од елементите на приказната и направете го детскиот свет забавен. На пример, цртајте ги хероите од приказните, пробајте некои експерименти - постојат многу можности за поврзување на книгите и забавата.

Играјте на безбедно


Ако се плашите дека вашето дете не покажува доволно интерес за книгите и сликовниците, тогаш играјте на сигурна карта. Не експериментирајте со сликовници туку набавете го она што меѓу децата е најпопуларно, најзабавно и кое повеќето го сакаат, макар тоа да значи дека пет исти сликовници да ги гледате со месеци. Ако детето го сака цртанот „Маша и медвед“, тогаш набавете ја нивната сликовница. Истото важи и за „Пепа прасето“ и „Ноди“.

 

Автор: Сања Бубало

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование