Надлежните во Бирото за развој на образованието - БРО деновиве подготвуваат Водич за изборните предмети, наменет за основните училишта. Во водичот ќе бидат дадени насоки и примери за тоа како треба да се изработи наставна програма за изборните предмети (со примери изработени од страна на Бирото). Најзначајно е што наместо досегашната формална понуда на изборни предмети, со новиот концепт се инсистира интересот и желбата на учениците за определена област да бидат испочитувани од страна на училиштето и да бидат понудени слободни изборни предмети од интерес на учениците. Секое училиште ќе треба да понуди најмалку 12 изборни предмети (по три од секоја категорија на изборни предмети дадени во Концепцијата за основно образование).
Прочитајте повеќе на
Деца.мк