Изминатиот век бил полн со експерименти во различни области, меѓу кои и образованието. Експеримент што станал популарен во 60-тите години бил создаден од А. С. Нил, кој пишувал за него во својата книга за алтернативна педагогија „Самерхил: Радикален пристап за одгледување деца“.
Во книгата Нил ги опишува радикалните идеи што биле применети во училиштето „Самерхил“ во Англија, основано во 1921 година. Училиштето ја претставило филозофијата за „слободно училиште“ во кое нема задолжителни лекции и може да се гласа за речиси секој аспект од училишниот живот.
Фото: Youtube screenshot
Кога Нил првпат ја објавил книгата, имало реакции во јавноста за неговите методи, но потоа тие почнале да се применуваат и во други училишта. Целта на ваквите училишта била да се замени авторитетот со слобода, да им се предава на децата без да се присилуваат да учат, водејќи се од нивните спонтани потреби да се поттикнат да се заинтересираат за светот околу нив. Овој пристап го означил почетокот на прогресивното
образование и бил голем чекор во човековиот развој.
Во училиштето на Нил учениците одлучуваат што сакаат да учат, а што не сакаат да учат. Нема програма, ниту барања и тестирање. Дури ни присуството не било задолжително. Како изгледало ова? Тоа може да се открие во документарниот филм „Самерхил“, кој е прикачен долу. Во филмот се гледа неорганизирана училница во која играњето станува здодевно по одредено време и каде што недостига атмосфера за учење.
Автор: Џош Џонс
Извор:
Openculture.com