X
 28.01.2016 Наука

Колку уникатен е вашиот роденден?

Вашиот роденден, секако, е битен ден за вас, но не само за вас. Колкави се шансите дека луѓето околу вас за време на еден поголем собир го делат роденденот со вас? Всушност, шансите се поголеми отколку што мислите.

Во видеото подолу, Џоу Хенсон од „It's okay to be smart“ слави 3-годишнина од постоењето на својата програма посветувајќи ја епизодата на шансите за делење на роденден. Верувале или не, од сите 44 претседатели на САД, двајца делеле ист роденден.

Тоа воопшто не е чудно, според Хенсон. Во група од 44 луѓе, постојат шанси од 93% дека двајца во групата ќе имаат ист роденден.

Статистиката изгледа неверојатна, но како што вели Хенсон, тоа е бидејќи „нашите мозоци се лоши во препознавање на моќта на шансите“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука