Тим составен од руски научници успешно го тестираа
електромагнетниот топ што може да ги пробие сите типови оклопи.
Топот ја испалува муницијата со брзина од три километри во секунда, а наместо експлозив или друг вид муниција, користи електромагнетна сила.
Во последниот тест испалиле пластичен цилиндер од 15 грама што ја пробил алуминиумската плоча со дебелина од неколку сантиметри.
„Електромагнетниот топ ќе биде корисен во изучувањето на високоенеретската физика и планираме да произведеме апаратура што ќе работи со брзини поголеми од 4,5 километри во секунда“, изјави Алексеј Шурпов, директор на институтот „Шатура“ во Москва.
И американската воена морнарица работи на сличен проект.
Морнарицата планира да вгради електромагнетен топ на новиот ракетен разурнувач „USS Zumwalt“ што може да произведе големо количество на електрична енерија неопходна за функционирањето на ваквото оружје.
Во текот на развојот на електромагнетниот топ, досега се појавувале многу технички проблеми.
Силните конвулзии при испалувањето на муницијата, досега правеле значителна материјална штета врз машините, пришто топот можел да испали само неколку истрели пред да настане дефект. Меѓутоа, сега научниците работат на развој на електромагнетен топ што во иднина ќе може без проблеми да исфрла муниција по неколку илјади пати.
Експертите до крајот на оваа деценија ќе се обидат да го усовршат прототипот за оперативна употреба.