X
 20.11.2018 Технологија

Зошто Путин во Сирија го испраќа најмоќното оружје што го поседува?

Почетокот на март оваа година донесе нов пресврт во сириската војна. Руските воздухопловни сили објавија дека на тамошното бојно поле испратиле два авиона „сухој Су-57“. Првото прашање е очигледно. Зошто „Су-57“ е испратен во Сирија, војна без воено воздухопловство?

Рускиот авион е претставник на петтата генерација на ловци, ставајќи го во истата класа како и „Ф-22 раптор“ и „Ф-35 џоинт страјк фајтер“. Петтата генерација обично комбинира стилт-технологија, голема, моќна моторика што им овозможува да летаат побрзо од звукот, напредни можности за вмрежување и напредна авионика и радари.

1
Фото: Wikipedia


„Су-57“ или „дух“ првпат летнал во 2010 година и имал големи проблеми во текот на развојот. Работите биле толку лоши што индиското воено воздухопловство, чест купувач на рускиот воен хардвер и еден од партнерите во програмата, сакал да се откаже од целиот проект. Дури и сега, 8 години подоцна, се верува дека има само 10 прототипа во погонот. Два „Су-57“ што слетале во Сирија веројатно се некои од тие прототипови.

Русија ја употреби Сирија како своевиден полигон за тестирање на најнова опрема, вклучувајќи ги и тенкот „Т-90“, мобилниот систем за противвоздушна одбрана и возила отпорни на мини, „тајфун“. Руските воени воздухопловни сили ќе научат многу за тоа како работи авионот во услови што не се идеални, колку се прецизни сензорите за откривање цели во воздухот и на земјата и колку е тешко да се одржуваат авиони илјадници километри од базите во Русија.

sirija
Фото: Wikipedia


Уште една причина зошто „Су-57“ бил испратен во Сирија е „Ф-22“. Американското воено  воздухопловство со месеци го летало „раптор“ над Сирија во улога на „деконфигурација“. Тоа е тајно идентификување на руското воздухопловство и воздухоловни ракетни системи што сигурно ги следат американските и сојузничките авиони.

Воведувањето на „Су-57“ не е без ризици. Во декември непозната група извршила координирани самоубиствени напади против воздушната база „Кхемимим“ и руската поморска база во Тарту. Тринаесет камиони натоварени со експлозиви ги нападнале руските бази. Пред еден месец бунтовничките напади уништиле четири авиони „Су-24“, два ловци „Су-35“ и еден авион „А-50У“ на пистата на воздушната база „Кхемимим“. Губењето на еден од најнапредните борци во светот со минофрлачка граната од стотина долари беше срамен пораз за Москва.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија