Географијата му е моментален интерес на надареното дете Благоја Грошев, но не и единствен. По препорака од градинката во која оди овој петгодишник, родителите го однеле на тестирање, а потоа им било укажано дека може да се запише директно во второ одделение.