X
 06.07.2017 Култура

Кога границите би се одредувале според ДНК, вака би изгледала мапата на Европа


Како би изгледале Европа, Азија и Африка кога границите би биле исцртани врз основа на хаплогрупа, односно група која споделува ист предок, покажува картата што ја објавил некој корисник на Редит.


Фото: Reddit

Од неа се гледа дека Британците имаат повеќе генски сличности со Италијанците и Португалците отколку со Данците и Финците, но и тоа дека нема некаква разлика помеѓу народите во земјите од нашиот регион, односно помеѓу Хрватите, Србите и Босанците.

Од картата може да се видат следниве хаплогрупи:

Хаплогрупа R1b

Најчесто е присутна во земјите од Западна Европа, но и во некои делови од Русија, како и Средна Африка. Во мали проценти може да се најде и во Источна Европа, Западна Азија, како и во делови од Северна Африка и Средна Азија.

Хаплогрупа R1a

Проширена е на големо подрачје во Евроазија, се протега од Скандинавија, Средна Европа, југот на Сибир, па сѐ до југот на Азија.

Хаплогрупа N

Широко е распространета на северот на Евроазија, а може да се пронајде и на други подрачја, како, на пример, југоистокот од Азија, пацифичкото подрачје, југозападот од Азија и на југот од Европа.

Хаплогрупа I1

Оваа хаплогрупа е најчеста во Шведска и на западот од Финска. I-M253 го имаат 35-38 отсто мажи во Шведска, 32,8 отсто мажи во Данска, 31,5 отсто мажи во Норвешка и околу 28 отсто мажи во Финска.

Хаплогрупа I2

Оваа хаплогрупа својот врв го достигнува на Балканот, каде што мажите, според некои истражувања, се највисоки на светот со просечна висина од 185,6 сантиметри. Во оваа хаплогрупа спаѓаат Хрвати, Босанци, Срби...

Хаплогрупа J1

Распространета е на многу подрачја на Блискиот Исток и во делови од Кавказ, Судан и Етиопија. Можно е да се најде и на северот од Африка, југот од Европа, како и меѓу еврејските групи, посебно кај оние со презиме Коен. Многу е ретка, но може да се пронајде во некои делови од Европа, во Средна Азија и на индискиот потконтинент.

Хаплогрупа J2

Се наоѓа во Западна, Средна и Јужна Азија, во делови од Европа и Северна Африка, но најчесто се поврзува со Северозападна Азија. Се смета дека хаплогрупата J2 потекнува од подрачјето помеѓу Кавказ, Месопотамија и Левант.

Хаплогрупа Е

Мнозинството членови на хаплогрупата Е-М96 ѝ припаѓаат само на една од идентификуваните субгрупи и тој примерок е исклучително редок. Е1а и Е-М75 се наоѓаат исклучиво во Африка.

Хаплогрупа G

Хаплогрупата G-M201 најчесто се наоѓа во Грузија, а може да се најде и меѓу малцинското население на Кавказ. Во помал процент може да се пронајде меѓу населението во Европа, Јужна и Средна Азија, како и во Северна Африка.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура