Американската филмска индустрија минатата година оствари приходи од 40 милијарди долари, но се чини дека Холивуд има уште многу работа ако сака да се натпреварува со најславната американска институција - јавната библиотека.
Според неодамнешната анкета на „Галуп“, посетата на локалната библиотека засега останува најчестата културна активност на Американците.
- Посетата на библиотеките останува најчеста култура активност на Американците. Тие ја посетуваат библиотеката во просек 10,5 пати годишно, а тоа го надминува практикувањето на осум други вообичаени активности што ги прават во слободно време. Американците присуствуваат на музички или театарски настани и посетуваат национални или историски паркови четири пати годишно, а посетуваат музеи и казина 2,5 пати годишно. Патувањата до забавни паркови (1,5) и зоолошки градини (0,9) се најретко практикуваните активности на листата - изјави аналитичарот на „Галуп“, Џастин Мекарти.
Резултатите од анкетата на „Галуп“ биле поделени на различни начини. - Едно од двете најинтересни откритија е дека жените ја посетуваат библиотеката двапати почесто од мажите, а
библиотеките најмногу ги посетуваат возрасни лица од домаќинства со ниски приходи, а најмалку ги посетуваат возрасни лица од домаќинства со високи приходи.