X
 01.04.2021 Култура

Нови одлични документарци на „Нетфликс“ што ќе пристигнат овој месец

Мислите дека документарците се досадни? Тогаш дефинитивно не сте ги гледале вистинските.

Наскоро на „Нетфликс“ премиера ќе доживеат нови неверојатни документарни филмови. Без оглед дали сакате криминалистички документарци, инспиративни или едукативни, „Нетфликс“ нуди нешто во што секој ќе ужива.

Ова се некои од документарците што ќе се појават на „Нетфликс“ во текот на април.

„Magical Andes“, 2 сезона

serija
Фото: Netflix

Втората сезона од документарната серија ќе продолжи да го истражува величествениот планински регион на Андите во Јужна Америка, како и животот на луѓето за кои планините се нивниот дом.

Серијата ќе биде достапна на 1 април.

„Worn Stories“



Базирана на истоимената книга од Емили Спивак, оваа документарна серија ги прикажува вистинските луѓе и нивните фасцинантни приказни за нивните омилени парчиња облека.

Серијата ќе биде достапна на 1 април.

„Dolly Parton: A MusiCares Tribute“



Снимен пред повеќе од две години во февруари 2019 година, документарецот конечно ќе биде достапен на „Нетфликс“, а во него се вклучени и настапи од Мајли Сајрус, Вили Нелсон, Шон Мендес, Кејти Пери и, секако, Доли Партон.

Серијата ќе биде достапна на 7 април.

„This Is A Robbery: The World's Biggest Art Heist“



Во 1990 година биле украдени 13 уметнички дела од музејот „Изабела Стјуарт Гарднер“ во Бостон, од двајца мажи облечени како полицајци. Оваа документарна серија нурнува во озлогласениот криминал и прикажува како успеале да се извлечат крадците.

Серијата ќе биде достапна на 7 април.

„My Love: Six Stories of True Love“



Прекрасна документарна серија која следи шест пара во период од една година - тие ги споделуваат тајните и приказните за романсите долги со децении.

Серијата ќе биде достапна на 13 април.

„Why Did You Kill Me?“

1
Фото: Netflix

Кога 24-годишната Кристал Теобалд била убиена во престрлека меѓу банди во 2006 година, нејзиното семејство вети дека ќе се одмазди, а овој документарец ја раскажува приказната за тоа како семејството го користело „Мајспејс“ за да ги најде нејзините убијци.

Серијата ќе биде достапна на 14 април.

„Life in Color with David Attenborough“



Документарна серија чиј наратор е историчарот Дејвид Атенборо. Серијата истражува како разни животни ја користат бојата за да преживеат и да се снајдат во дивината.

Серијата ќе биде достапна на 22 април.

Извор: Popsugar.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура