Во март почнуваат многу бесплатни онлајн курсеви на повеќе платформи за онлајн учење. Во продолжение се некои од најпопуларните што треба да почнат во март.
„Вовед во 3Д-моделирање“ (Introduction to 3D modeling)
Овој практичен курс од Универзитетот на Мичиген трае четири седмици. Со него ќе научите да користите софтвер за создавање 3Д-модели.
„Создавање стартап-компанија“ (Creating a startup company)
Курсот од Универзитетот на Колорадо помага во објаснување на пазарната динамика и бизнис-стратегиите што се потребни за основање стартап-компанија.
„Основи за информациски системи за бизнис“ (Foundations of information systems for business)
Курсот е составен од Универзитетот „Хауард“ и се нуди на платформата „Курсера“. Тој ги претставува основите на системите за податоци што се користат во бизнисот.
„Науката за благосостојбата за тинејџери“ (The science of well-being for teens)
Овој курс на Универзитетот „Јејл“ е наменет за тинејџери и учи како да бидеме посреќни за да успееме на училиште и пошироко.
„Скали на пијано за модерна музика“ (Piano scales for modern music)
Музичките скали се основни за учење на кој било музички инструмент. Овој курс нуди нов поглед на користењето на скалите за музичка креативност.
„Визуализација на податоци и облак-технологии“ (Data visualization & cloud technologies)
Овој курс се нуди од Универзитетот на Висконсин и овозможува учење методи за визуализација на податоци и облак-технологии за бизнис-анализа.
„Веб и бази на податоци во Андроид“ (The web and databases in Android)
Овој курс на „Мета“ нуди повеќе алатки за техники за програмирање во „Андроид“.
„Сончева енергија: материјали, уреди и модели за фотоволтаици“ (Solar energy: photovoltaic materials, devices and modules)
Со курсот може да научите за правилата за дизајнирање фотоволтаични системи и нивно користење.
Извор:
Class central
Насловна фотографија: Pixabay