X
 18.10.2015 Образование

Онлајн-курсеви за учење на кинескиот јазик

Кинеската група на јазици се јазици кои се поврзани, но во многу случаи меѓусебно неразбирливи. Речиси 1,2 милијарда луѓе во светот, односно 16% од светското население зборува некоја форма на кинескиот јазик како мајчин. Токму затоа, јазикот станува популарен за учење, а соодветно на тоа постојат и многу извори за учење на кинескиот на интернет. Следуваат неколку кои се препорачуваат најчесто.


„Coursera“

Овде може да се најде курс за кинески јазик за почетници со фонетски часови и изрази. Не мора да се учат кинеските знаци за да се заврши курсот.

Државен универзитет во Јута

Курсот нуди разбирање на основните принципи на кинескиот јазик во пишувана и говорна форма. Фокусот е на изговорот и пишувањето на знаците.

Искусете го кинескиот

Се работи за онлајн-курс наменет за помлади ученици на кинескиот јазик. Инструкторите користат интерактивни методи на предавање кои се интересни за учениците.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование