X
 20.01.2015 Култура

Курсеви за селфи фотографија

selfi

 

Колеџот „City Lit“ во Лондон воведе нов курс во неговата програма - „Уметноста на автопортретот“, кој ги нуди основите на фотографиите на автопортретот.


Курсот во траење од месец дена започнува во март, а се основа на „теориско-практична насата која ќе ја претстави уметноста на фотографијата и ќе им помогне на студентите да го сфатат автопортретот како форма“, се наведува во описот на курсот.

Иако може да се заклучи дека ова е еден вид на обука за добро селфи, од студентите се бара вистинска опрема наместо паметен телефон. Секој кандидат мора да донесе своја фотографска опрема, меѓутоа и да ги знае основите на фотографијата.

Освен што ќе работат селфи, студентите во текот на еден месец ќе имаат предавања, презентации, семинари, дискусии и работа во групи.

Курсот чини 132 фунти, односно 200 долари.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура