Доколку се подготвувате за меѓународно искуство за вашата кариера, вдишете длабоко и започнете со планирање. „Lifehack“ објавува водич за оние кои се подготвуваат за работа во странство
Запознајте се со културните и социјални разлики
Меѓу другото, наведено е значењето на знаењето од културните, економски и работни навики во земјата во којашто сакате да живеете и работите. Подгответе се за живот надвор од зоната на удобноста бидејќи пред вас ќе има многу предизвици. Учењето за сè поврзано за културата и вашата околина ќе биде задолжително. Секогаш е корисно да се разговара со луѓе кои веќе живееле во таа земја или локални жители.
Решавање на проблемите со комуникацијата
Изразувањето е многу важен дел од процесот на адаптација. Ќе треба да разговарате со локалните жители секојдневно, па учењето на јазикот, барем на основно ниво, треба да биде еден од вашите главни цели.
Безбедност во новата земја
Пред да се преселите, научете повеќе за политичката ситуација и стабилноста на земјата. Соберете ги сите информации за местото, градот, населбата кадешто ќе бидете сместени или ќе работите. Истражете повеќе за осигурувањата кои се нудат во земјата.
Влијанието на вашата кариера
Не бидете премногу возбудени за секоја работна понуда која ќе ја добиете надвор. Завршете си ја домашната задача пред да донесете конечна одлука. Земете ги предвид сите ризици и бенефиции.
Истражете повеќе за легалните права
Бидете свесни дека секој не може да работа во секоја земја. Вашиот работодавач треба да ви помогне и да ве води во процесот при добивање дозвола за работа. Доколку работодавачот не го нуди тоа, најдете советник или правник кој ќе ви ги даде сите информации.
Подготовка и тренинг
Добрите компании нудат тренинг за своите нови вработени, но и за нивните семејства. Секогаш е подобро да најдете компанија која нуди тренинг и соодветна подготовка.
Земете ги предвид сите работи
Не ги заборавајте семејството, пријателите и блиските. Вашите одлуки влијаат и на оние околу вас, но може да влијаат и на вас подоцна. Треба да размислите добро за сите опции пред да донесете конечна одлука. Размислувајте критички и внимателно разгледајте ги сите добри и лоши страни од вашата одлука.