Звучи филмски, ама и вистински. А и лесно е изводливо кога се има добра техника, па од обичен дом правиме паметен дом за уживање
Можете ли да изброите колку пати сте се вратиле дома од половина пат за да проверите дали сте го исклучиле шпоретот? Колку пати, возејќи се кон работа, сте се прашувале дали сте ја заклучиле вратата на излегување? Колку често си помислувате дали некој може да ви го обие станот? Колку пати сте ги разбудиле сите дома среде ноќ барајќи го прекинувачот за да го вклучите светлото? Сето ова барем по два пати во неделата.
А зошто наместо овие грижи, не се случува сосема спротивното? Можно е и без да се враќате во иднината.
Се будите сабајле и само што ќе станете од креветот, се вклучува кафематот во кујната. Ја отворате вратата од балконот во спалната соба да проветрите и истовремено прочистувачот на воздух се активира сам. Ја затворате вратата – се исклучува прочистувачот.
Одите по вашето кафе во кујната. Тоа е идеално топло, но не и вашата дневна соба. Дека дома е ладно, ви јавува вашиот мобилен телефон, а на радио велат дека и надвор е минус, ама мора да се оди на работа. На излегување шал и капа задолжително. Да се исклучи кафематот, сите светла, радиото... не е задолжително. Пред да се фатите за влезната врата правите само еден клик, заклучувате и заминувате. Домот е безбеден, безжичната правосмукалка чисти низ дома, а вие сте си раат.
Се враќате од работа. Само што ќе помислите да се одморите, сама се вклучува столната ламба, а вие треба само да го земете мобилниот телефон и да одберете боја на светлото што најмногу му одговара на вашиот умор. И навечер иста приказна – се будите, а ноќната светилка ве следи.
До следното утро, кога кафематот пак ќе се вклучи сам во истиот момент кога ќе ги облечете папучите.
Звучи филмски? Да. Ама и вистински. А и лесно е изводливо кога се има добра техника, па од обичен дом правиме паметен дом за уживање. Како? Ајде да го премотаме филмот отпочеток.
Шест часот наутро. Алармот ѕвони. Станувате од креветот на кој има сензор кој го лови вашиот прв чекор и праќа сигнал до централен систем кој го активира кафематот. Ист сензор ги лови движењата и праќа сигнал до истиот паметен центар да го вклучи прочистувачот на воздух во истиот момент кога ќе отворите врата за да проветрите. Додека се облекувате и ги миете заби, кафето е готово, на идеална температура. Но надвор е минус, па се изладил и домот. Сензорот за собна температура поставен во дневната соба праќа податок до вашиот мобилен, на кој проверувате колку е ладно дома.
На излегување од дома треба само да го свртите клучот во бравата од влезната врата и пред тоа да стиснете едно копче кое праќа сигнал до главниот сензор дома, кој во истиот момент ги исклучува сите паметни уреди дома, а ги вклучува безбедносните камери и сензорите за движење. Така, ако ви влезе некој дома додека вас ве нема, сензорите и камерите го ловат веднаш, го снимаат провалникот и ви сигнализираат на вашиот смартфон, на кој гледате директен пренос од провалата во вашиот дом. Доколку повикате полиција и оттаму брзо интервенираат, можеби ќе гледате и апсење на разбојникот во живо.
По долгиот и напорен ден единствено што сакате е да се истуширате и да се испружите пред телевизорот или да читате во дневната соба. Влегувате дома, а сензорите чувствителни на движење ги вклучуваат светилките. Сензорот поставен на троседот во дневната соба ве лови и уште пред да седнете ви ја вклучува столната ламба за пријатен амбиент, а вие преку апликација на вашиот смартфон, која е „во врска“ со светилките, можете да одберете нијанса и боја на светилката.
Ви доаѓаат гости, се дружите, вечерате, гледате добар филм... Ви годи друштвото и заборавате на кучето. Но сензорот за движење го лови вашето милениче, кое решило да излезе во дворот и да ја брка мачката на соседите.
Кога одите на спиење, дежурен останува сензорот на вашиот кревет, кој чека да се разбудите и да станете за да вклучи ноќно светло - да завршите работа, а никого да не разбудите. Освен паметниот дом.
Технологијата носи додадена вредност во живеењето, а со овие паметни решенија таа е искористена за добро.
Паметен дом за модерно живеење е новo Smart Home решениe во понудата на „Македонски телеком“. Само со неколку уреди можеме да заштедиме електрична енергија, да ги координираме уредите што веќе ги користиме, да ги нагодиме да го следат нашиот ритам на живеење. Кога нашиот дом станува паметен со помош на технологијата, ние добиваме повеќе слободно време за себе, за своите пријатели, за своето семејство, штедиме ресурси и градиме совесен однос кон животната средина.