X
 08.05.2017 Наука

Најголемата предност на левораките наспроти деснораките

Само 10 до 15% од светската популација се левораки, а меѓу мажите има двапати повеќе левораки отколку меѓу жените. По многу нешта левораките се посебни, но дали ја знаете нивната најголема предност наспроти деснораките?

Алберт Ајнштајн и Чарлс Дарвин се некои од најславните левораки, а овие двајца научници се познати по нивната висока интелигенција. Едно истражување покажува дека кај левораките е почеста интелигенција повисока од 140.

Интелигенцијата им овозможува некои предности над деснораките, а за најголема предност се смета нивната способност да работат повеќе работи одеднаш.

Секако дека и деснораките можат да бидат добри во мултитаскинг и некои во тоа се и успешни, но левораките се многу поуспешни.

Друго истражување понудило решение кое покажува зошто левораките се подобри од деснораките во мултитаскинг. Резултатите покажуваат дека „тајната“ е во тоа што нивниот мозок функционира побрзо поради што тие полесно се снаоѓаат меѓу повеќе информации. Исто така, левораките, поради способноста за мултитаскинг се и подобри во играње видео игри.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука