X
 28.05.2018 Наука

Дали овие тестирања би можеле засекогаш да го запрат стареењето?



Легендарниот синтетички биолог Џорџ Чрч од „Харвард“ работи на создавање нова стартап-компанија наречена „Rejuvenate Bio“ чија мисија би била да ги подмладува кучињата, а потоа, ако овој процес се покаже како успешен, можеби ќе биде и вовед за создавање слична технологија што ќе се применува и на луѓе.


Раце на стар човек
(Фото: Pixabay)


Првиот дел од тестирањата бил извршен на глувци, а сега се спроведуваат на кучиња.

„Нивниот организам не е само близок со човечкиот, туку и самиот процес е многу побрз. Луѓето сигурно би платиле за подмладување на своето куче. По таквите тестирања ќе направиме производ што ќе носи средства за истражување на луѓе“, вели Чрч.

Претходно оваа технологија била тестирана на црви и муви, чиј животен век може двократно да се зголеми само со мала измена на гените. Истражувањето покажа дека кај цицачи, на пример, глувците, со трансфузија на крв од помлад глушец може да се подмлади организмот на постариот, пишува „Популар механикс“.

Истражувањата ќе почнат да се вршат на кокер шпаниели и добермани, кои се склони кон развивање смртоносни срцеви заболувања, на пример, болести на срцевите залистоци, поради што речиси половината од кокерите умираат на 10-годишна возраст. Иако не открива во што е тајната на целиот процес, можно е да станува збор за слична генска терапија која се користела за спречување на срцевите оштетувања кај глувците.

Во лабораториски услови се работи и на развој на речиси 60 терапии за да се модифицираат два гени кои се одговорни за четири главни болести на стареењето – срцевите и бубрежните заболувања, дебелината и дијабетесот. Чрч е воодушевен од добиените резултати.

Она што ја разликува превенцијата на заболувања од запирањето на процесот на стареењето всушност е прашањето дали може телото на постаро куче да закрепне на ист начин како и телото на помладо. Запирањето на процесот на стареење кај животните всушност отвора низа етички прашања, особено прашањето кои се границите на тие тестирања. Прашањето кое бара одговор е што би се случило ако нешто тргне наопаку и што ако тој процес предизвика некои нови болести или проблеми?
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука