X
 21.09.2016 Живот

Тајните на неодоливите луѓе

Сигурно познавате луѓе што имаат неверојатно добра среќа и добиваат што ќе посакаат. Тие не се секогаш најпаметни, но некако успеваат да шармираат или имаат харизма.

Што ги прави неодоливите луѓе посебни?

1. Тие се автентични и се она што изгледаат. Не глумат за да бидат посебни.
2. Не ги разочаруваат другите. Се однесуваат кон сите со почит без разлика за кој станува збор.
3. Го сакаат животот и ги ценат моментите.
4. Тие се добри слушатели. Кога разговарате со нив имате чувство дека навистина го впиваат секој ваш збор.
5. Имаат добри манири. Често кажуваат „Ве молам“ или „благодарам“  и знаат дека тоа вреди повеќе отколку ласкави комплименти.
6. Тие се фер. Верни се на принципот на реципроцитет и ги третираат другите како што сакаат да бидат третирани и тие самите.
7. Не озборуваат. Не си додаваат на вредност со озборување и омаловажување на другите.
8. Имаат граници. Тие знаат дека имаат целосно право да кажат „не“ и дека кога даваат на другите не треба да се исцрпуваат себе си.
9. Тие се чесни. Тоа се луѓе со интегритет и често се почитувани и авторитативни во околината.
10. Најчесто се насмеани. Многубројни студии покажуваат дека насмевката е најатрактивниот квалитет на личноста.
11. Неодоливите луѓе се емпатични.
12. Сакаат да се социјализираат. Дружењето со другите им помага во личниот развој и им дава дополнителна енергија.
13. Ја знаат моќта на напорната работа и колку е таа потребна за успех. Тие се одлучни и амбициозни, но ништо не им доаѓа лесно и без труд.
14. Имаат општ позитивен став кон нештата. Тие не се самосожалуваат туку бараат одговори и начини за совладување на пречките.
15. Ги обединуваат луѓето. Овие луѓе имаат моќ да ги поврзуваат луѓето во општеството и да промовираат успех во заедништво.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот