Секој мај Дојче банк го објавува годишниот извештај „Мапирање на светските цени“, во кој ги категоризира трошоците за стоки и услуги во најголемите и најмоќните градови во светот. Оваа позната европска банка анализира сѐ, од цената на една кутија цигари до просечната цена за изнајмување двособен стан за да утврди колку изнесуваат трошоците за живот во светот.
Се истражува и просечната месечна нето-плата, која е показател на богатството на некој град.
Градовите што најдобро котираат се наоѓаат во подрачјето на северната хемисфера во развиените западни економии, а на листата се најдоа и главните економски сили на јужната хемисфера, како Австралија и Нов Зеланд.
Не изненадува тоа што луѓето кои живеат во градовите каде што животните трошоци се високи имаат и повисоки плати, како финансиските центри Лондон, Њујорк и Франкфурт.
Платите во Франкфурт пораснале за повеќе од 200 долари месечно во текот на минатата година бидејќи по Брегзит банките таму ја селат својата лондонска работна сила.
Најдобрите градови се задржаа на високите позиции, но во малку поинаков редослед за разлика од минатата година.
Погледнете во кои градови најмногу се заработува. Листата се однесува на 28 града во кои просечната месечна нето-плата е поголема од 2.000 долари.
1.Цирих, Швајцарија - 5.764 долари
2.Сан Франциско, САД - 4.974 долари
3.Њујорк, САД - 4.115 долари
4.Сиднеј, Австралија - 3.914 долари
5.Бостон, САД - 3.740 долари
6.Осло, Норвешка - 3.664 долари
7.Чикаго, САД - 3.650 долари
8.Копенхаген, Данска - 3.462 долари
9.Дубаи, ОАЕ - 3.447 долари
10.Франкфурт, Германија - 3.389 долари
11.Лондон, Велика Британија - 3.381 долар
12.Мелбурн, Австралија - 3.263 долари
13.Сингапур, Сингапур - 3.099 долари
14.Амстердам, Холандија - 3.058 долари
15.Токио, Јапонија - 3.004 долари
16.Стокхолм, Шведска - 2.999 долари
17.Хелсинки, Финска - 2.988 долари
18.Велингтон, Нов Зеланд - 2.946 долари
19.Париз, Франција - 2.886 долари
20.Даблин, Ирска - 2.762 долари
21.Окленд, Нов Зеланд - 2.723 долари
22.Единбург, Велика Британија - 2.565 долари
23.Хонг Конг, Хонг Конг - 2.550 долари
24.Торонто, Канада - 2.519 долари
25.Берлин, Германија- 2.482 долари
26.Брисел, Белгија - 2.480 долари
27.Ванкувер, Канада - 2.458 долари
28.Виена, Австрија - 2.425 долари