X
 01.06.2023 Економија

Ирска ќе ја замени минималната плата со плата за живот

Ирскиот заменик-премиер Лео Варадкар претставил план за замена на минималната плата со таканаречена плата за живот. Со планот Владата би ја дефинирала минималната граница на платата потребна за живот и би се зголемиле приходите на вработените.

Животната плата би претставувала 60 отсто од просечната плата, а би се зголемувала за 3 отсто годишно. Доколку се усвои во парламентот, со планот би се вовело постепено зголемување на минималната плата додека не се достигне дефинираната граница до 2026 година.

Оваа мерка има цел да се спречи остро зголемување на трошоците на фирмите. Голем дел од ирската економија се заснова на услужниот сектор, а врз оваа индустрија многу ќе влијаат планираните промени.

Двата поими звучат слични, но има разлика помеѓу платата за живот и минималната плата. Платата за живот се однесува на висината на приходи потребни за одржување пристоен животен стандард, додека минималната плата значи дефиниран минимум кој осигурува дека вработените нема да бидат во статистичката група на сиромашни жители.

Како што изјави Варадкар, зголемувањето на животниот стандард преку платите мора да биде едно од трајните наследства на пандемијата и ќе биде еден од многуте закони за пазарот на труд што Владата сака да ги донесе.

Самиот предлог за плата за живот се состои од неколку главни точки, меѓу кои и износот на платата. Платата за живот би требало да изнесува 60 отсто од просечната плата. Во 2022 година, тоа би значело 12,17 евра на час, за разлика од сегашните 10,50 евра. Според планот, од 2026 година Ирска нема да има минимална плата, а платата за живот ќе биде долна граница за сите работодавци.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија