X
 25.03.2018 Живот

Како се одредува висината на платата во „Фејсбук“

Во „Фејсбук“ не се преговара за плата. Според потпретседателката за човечки ресурси во компанијата, Џанел Гејл, тие поминуваат многу време осигурувајќи се дека системот е цврст.

Неодамна „Фејсбук“ беше прогласен за најдоброто место за работење во 2018 година од страна на сајтот посветен на барање работа „Гласдор“, кој објави и дека просечната годишна плата во „Фејсбук“ е 120.000 долари, а со бонусите таа достигнува и 155.000 долари. Но, Гејл објаснува дека оваа сума не е резултат на тоа што кандидатите и вработените се безобѕирни само за да постигнат нешто. „Фејсбук“ има свој систем за утврдување на надоместокот, кој зема предвид фактори како категорија на работа, ниво на искуство и локација. Гејл објаснува и како се утврдуваат понудите за плата и покачувања во компанијата.


Фото: Pixabay

1. Нема преговарање и има причина за тоа

Преговарањето е важна вештина. Но, не е се во „Фејсбук“, барем не кога станува збор за надоместокот. Гејл вели дека системот за одредување на надоместокот, кој се врти околу преговорите, ги наградува лукавите преговарачи на сметка на сите други.
-Ние не сакаме да преговараме затоа што тоа во основа значи дека оној кој е најдобар преговарач победува. Ние не ве вработуваме заради вашите преговарачки вештини, освен ако немате таква улога - вели таа.

2. Претходната и моментната плата на кандидатите може да се земат предвид

Иако преговарањето можеби не важи, кандидатите сепак имаат средства да ѝ дадат до знаење на компанијата каде се позиционирани.
-Сакаме да ве вработиме на основа на вашето искуство и она што би го испорачале за „Фејсбук“, па ја земаме предвид вашата актуелна ситуација. Ако вкупната вредност на понудениот стандард е под моментниот надоместок на кандидатот и оној на конкурентите, аналитичарот на надоместоците ќе работи да овозможи конкурентна понуда - објаснува Гејл.
На крајот, ако предложената плата е поголема од онаа која кандидатот ја зема во моментот или од онаа која ја нудат конкурентите, тогаш се дава зелено светло.

3. Се треба да биде фер

Гејл истакнува дека формулата на „Фејсбук“ помага во отстранувањето на разликите кои може да се јават меѓу различни луѓе кои се најмуваат во компанијата. На пример, студиите посочуваат дека жените се понаклонети кон прифаќање на првата понуда која ќе им се даде, додека мажите преговараат за повеќе. Според едно истражување, кога жените бараат повеќе во преговорите, тие се гледаат како премногу агресивни.
-Правиме многу бенчмаркинг за работните места кој се базира на категоријата на работното место, нивото и локацијата. Имаме многу, многу цврст став за надоместокот - вели Гејл.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот