Државната комисија за спречување на корупцијата го казни ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азиз Положани, за непочитување на законот, трудејќи се да го сокрие неговото богатство, пренесуваат
медиумите на албански јазик.
Како што може да се види од документот обезбеден од порталот „Албазон“, комисијата му издала и доставила прекршочен платен налог на ректорот Положани кој, според законот, требало да поднесе анкетен лист и изјава за интереси во антикорупциска, но не го сторил тоа.
Документот е прикачен и на страницата на Комисијата за спречување на корупцијата, во делот на одлуки и можете да го видите
тука.
Како што пишуваат медиумите на албански јазик, кога има вакви случаи во светот, ректорот поднесува морална оставка.
Фото: Lajmi.mk