X
 12.07.2018 Технологија

Дали „Гугл“ ќе мора да го измени „Андроидот“ поради европските регулатори?



Поради европските регулатори и правилата за праведен пазарен натпревар, „Гугл“ би можел да плати казна од неколку милијарди долари, но и да биде присилен да го смени начинот на кој функционира широко користениот оперативен систем „Андроид“.


„Гугл“ деловен центар
(Фото: Getty images)


На регулаторите во Европа не им се допаѓа што „Гугл“ со инсталацијата „Гугл плеј“ им диктира на корисниците, но и на производителите на паметни телефони, пристап и до други апликации, додека истовремено ја блокира инсталацијата на апликации од други извори.

Се очекува европските регулатори на чело со Маргрет Вестагер, комесар за заштита од конкуренција, до крајот на овој месец да изречат рекордно висока казна во висина од неколку милијарди долари поради начинот на кој таа компанија „ги присилува“ производителите на паметни телефони да ги испорачуваат своите уреди со однапред инсталирани апликации на „Гугл“.

Со инсталирањето на пребарувачот „Гугл“ и со неговите апликации на уредите со оперативниот систем „Андроид“, таа компанија си обезбедува корисници, пристап до нивните податоци, но и канали за сервисирање огласи. Доколку регулаторите го присилат „Гугл“ да прекине со таквата практика, тоа би значело дека ќе се јави и потреба од коренити промени во оперативниот систем „Андроид“, што ќе ја загрози неговата доминација на пазарот на паметни телефони и таблети, но ќе им ослободи и простор на другите производители на пазарот да се пробијат до корисниците.

„Никој не ги присилува корисниците да користат апликации на ’Гугл‘, но ако сакате да користите некои од нив, ќе мора да се согласите на инсталирање на целиот сет“, истакна Џејкоб Кучаржик, потпретседател за конкурентност и регулаторна политика на ЕУ за „ Computer & Communications Industry Association“. Тој додаде и дека тоа на „Гугл“ ќе му овозможи натамошно финансирање на развојот на отворен код.

Засега сите се уверени дека „Гугл“ ќе добие голема парична казна и насоки да ја промени својата бизнис-практика. Колку ќе изнесува, ќе се дознае деновиве.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија