Научниците имаат ново откритие кое може да ја трансформира детекцијата на камен во бубрег со нов тест на урина кој може да даде резултати за само 30 минути, стои во нова студија објавена во списанието
„Сајенс Адвансес“.
Истражувачите од Државниот универзитет во Пенсилванија и Универзитетот „Стенфорд“ ја направиле студијата која може да донесе големи подобрувања на методите кои се користат за детектирање на камен во бубрег со нов тест на урина, кој дава резултати за само половина час.
За резултати од обичните тестирања се чека 7 до 10 дена, што значи дека новиот метод е неверојатно брз. Исто така е и многу поевтин и подостапен - што значи дека е идеален избор за понуда на нови ефикасни начини за детекција и лечење на состојби поврзани со бубрезите.
Каменот во бубрегот се создава кога солта и минералите ќе се сврзат во органот и ќе си најдат пат до уринарниот тракт. Тестирањата на урината за одредени метаболити поврзани со растот на опасните грутки е еден од начините на кој медицинските лица го идентификуваат и превенираат нивното формирање. Но, процесот е долг и скап.
Првото нешто што пациентите го прават за детекција на камен во бубрег вклучува собирање на урина во тек на 24 часа. Потоа примероците се праќаат во лабораторија за анализа. Потребна е скапа опрема за да ги тестира примероците на раствори и минерали, што често одзема до 10 дена за да се добијат резултати.
Барајќи нови и поефикасни решенија, тимот научници се инспирирал од растенијата од фамилијата непентес, чии лисја се во форма на бокали во кои заробуваат инсекти. Така, тимот нивната нова направа, која е направена од мазни површини со мало триење и има специјално проектирана геометрија која им дозволува на капките урина да лизгаат по врвот и да се комбинираат со специјални реагенци на прецизни степени на реакција за да се предизвикаат неопходните хемиски реакции.
- Тоа значи дека технологијата не бара некој техничар да работи на машинерија за тестирање, па можно е тестот да се направи и во ординација или дури и дома кај пациентот - истакнува Пак Кин Вонг, лидер на тимот кој стои зад студијата.
Резултатите од новата технологија може да се прочитаат и на паметен телефон. Според тимот научници, за новата анализа се потребни околу 30 минути во ординацијата на лекарот и не се потребни скапи лабораториски опреми, што значи дека овој метод е остар пад во потребата и за пари и за време.
Насловна фотографија: Pixabay