X
 06.07.2015 Наука

Синтетичката крв започнува да се користи како природна

Синтетичката крв направена во лабораторија ќе се донира на волонтери во текот на следните две години, објавува НХС (NHS - National Health Service). Долгоочекуваното клиничко истражување на вметнати црвени крвни зрнца би требало да се случи пред 2017 година.


Крвта е направена од матички клетки извадени од папокот на новороденчиња или од крвта на возрасна личност. Првото вакво клиничко истражување ќе вклучи трансфузија на многу мали количини синтетичка крв за да се провери дали постојат штетни реакции.

Научниците се надеваат дека НХС ќе може да направи неограничени количини црвени крвни клетки за итна трансфузија, но првата цел е да се направат специјални донации на крв за личностите кои боледуваат од болести како анемија.

- Истражувањето ќе ги споредува произведените клетки со донираната крв. Нашата намера не е да се замени донирањето крв, туку да се обезбеди специјализиран третман за специфични групи на пациенти. - изјави Ник Воткинс, асистент директор на истражувањето.

Матичните клетки кои ги донирале бремени мајки или други возрасни донатори успешно се развиле во црвени крвни клетки во лабораторијата кои може да функционираат и регуларно да го пренесуваат кислородот од белите дробови во крвотокот.

Клиничките истражувања ќе бидат дел од петгодишната програма за креирање црвени крвни клетки на кои ќе работат научници од универзитети во Бристол, Кембриџ и Оксфорд.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука