X
 05.05.2016 Здравје

Тест за исхрана: Проверете дали се храните правилно

Најново истражување покажало дека повеќето од нас не консумира доволно витамини и минерали преку исхраната. Откриено е дека состојбата е особено загрижувачка кај младите жени и постарите личности.


Нутриционистот д-р Ема Дербишир за „Дејли мејл“ нагласува дека би требало да обрнеме повеќе внимание на правилната исхрана за да внесуваме доволно витамини и минерали во организмот. Таа има тест според кој може да проверите дали се храните правилно и што мора да смените во својата исхрана. Решете го тестот и соберете ги поените.

Колку години имате?

15-16  +5
20-29  +4
30-39  +3
40-49  +2
Над 50  +1

Колкав е вашиот индекс на телесна маса?

За да го пресметате одете овде.

Помал од 8,4  0
18,4-24,9  +5
25-29,9  +4
30-39,9  +3
Над 40  +2

Колку физички активности имате неделно?

Немам  0
Пола час до час  +1
Час и пол до 3 часа  +2
3 и пол до 5 часа  +3
5 и пол до 8 часа  +4
Над 8 часа  +5

Колку порции овошје и зеленчук јадете дневно?

Ниту една  0
Една  +1
Две  +2
Три  +3
Четири  +4
Пет  +5

Што консумирате од следниве оброци?

Пола шолја млеко секој ден  +1
1-2 шолји јогурт во неделата  +1
50-100 грама кашкавал секоја недела  +1
56 грама риба секоја недела  +1
Порција зелен зеленчук трипати неделно +1
Околу 50 грама бадеми секоја недела  +1

Што правите од следново?

Јадете препорачано количество влакна  +1
Внимавате на препорачаното количество маснотии  +1
Консумирате заситени маснотии во препорачани количини  +1
Консумирате шеќер во препорачани количини  +1
Консумирате сол во препорачани количини  +1

Што од препорачаното консумирате секој ден?

1 порција житарки без шеќер или со намалено количество шеќер  +1
1 порција каша  +1
2 парчиња леб од цели житарки  +1
1 порција цели житарки (ориз, тестенини)  +1
Ништо од наведеното  0

Колку порции свежа риба јадете секој месец?

Никогаш  0
Можеби една  +1
Една до две  +2
Две  +3
Три  +4
Четири или повеќе  +5
Секој ден  +5

Колку често јадете црвено месо?

Никогаш  0
Можеби еднаш неделно  +1
Еднаш неделно  +2
Двапати неделно  +3
Трипати неделно  +4

Дали консумирате некој од наведените додатоци на исхраната?

Мултивитамини  +2
Мултивитамини и минерали  +4

Резултати

Над 35 поени

Се чини дека вашата исхрана, внесувањето хранливи состојки и телесните активности се добри. Придржувајте се на ваквиот начин на живот. Без оглас на својата возраст треба да имате здрава исхрана која вклучува овошје и зеленчук, житарки, немрсно месо и риба. Сетете се и дека целта треба да ви биде да вежбате 30 минути, петпати дневно.

Од 25 до 35 поени

Добро размислете за својата исхрана и за тоа како може да ја подобрите. Посебно внимание посветете на внесувањето масти и шеќери. Размислете дали може да го намалите нивното внесување и да го зголемите внесувањето влакна, овошје и зеленчук. Обидете се да јадете што повеќе житарки од цело зрно. Јадете свежа риба барем еднаш неделно. Ако не ја сакате, обидете се со додатоци во исхраната. Што е до вашето внесување калциум? Ако не сакате млечни производи, јадете бадеми и зелен зеленчук, во кои има калциум.

Помалку од 25 поени

Многу е јасно дека мора да го смените начинот на исхрана и дека хранливите состојки кои ги внесувате во организмот не се доволни. Добро размислете за својата исхрана и како може да ја подобрите. Што е со консумирањето влакна и овошје и зеленчук? Можете ли да јадете повеќе житарки и повеќе овошје и зеленчук? Обрнете внимание на намаленото внесување на масти и шеќери. Јадете свежа риба барем еднаш неделно или земајте додатоци за исхрана кои содржат омега-3 масни киселини. Размислете за поголемо консумирање млечни производи. Јадете ли доволно црвено месо за да внесете железо и цинк? Во случај да сте вегетаријанец земајте додатоци за исхраната во облик на витамини и минерали.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје