Данската премиерка Мете Фредриксен сака ЕУ да воведе старосна граница од 15 години за користење на социјалните мрежи, во обид да ги заштити младите корисници на паметни телефони од штетна содржина и зависност од екранот.
- Денес можете да креирате профил на повеќето социјални мрежи ако имате 13 години. Но, кога имате 13 години, сè уште сте дете. Видовме дека ризикот од социјалните мрежи за децата е преголем - пишува Фредриксен во статија за данскиот весник „Политикен“, која ја напишала заедно со пратеничката Кристел Шалдемозе.
И двете сметаат дека старосната граница треба да биде придружена со ефективни алатки за проверка на возраста бидејќи технолошките гиганти не преземаат никаква одговорност за тоа.
Тие изнесоа предлози за заострување на законот, вклучително и забрана за дизајни кои предизвикуваат зависност и рекламирање и задолжително известување за тоа колку време поминуваат на онлајн платформите.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube