X
 14.09.2016 Технологија

Безос гради џиновска ракета

Џеф Безос ја претстави New Glenn, нова, џиновска ракета за повеќекратна употреба.

Џеф Безос

Другата компанија на основачот на Amazon, Blue Origin, планира да изгради ракета за превоз на товар (сателити) и луѓе во земјината орбита.

Безос вели дека неговата визија е милиони луѓе кои живеат и работат во вселената, а New Glenn (која е именувана според Џон Глен, првиот Американец кој орбитирал околу планетата Земја) е многу важен чекор кон тоа.

Идејата е ракетата да се вивне во вселената до крајот на деценијата. New Glenn ќе се движи на седум основни мотори (на кои Blue Origin работи во моментов), ќе има дијаметар од 7 метри, а ќе биде висока околу 95 метри.

Засега, има само фотографија од ракетата.

Споредба на ракети

Ова е доста амбициозен проект на Blue Origin, но не е единствен за компанијата. Безос спомена и друг проект кој е во тек, наречен New Armstrong, но посочи дека „тоа е приказна за во иднина“. Со оглед на името, пишува The Verge, можно е овој проект да има врска со Месечината.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија