Четири лица се согласија да бидат затворени во симулирано живеалиште на Марс кое се простира на 157 квадратни метри во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА, за да проучат како би било да се живее на Црвената Планета и како луѓето би можеле да научат да се справат во таа екстремна средина.
За време на нивниот 378-дневен престој тие ќе имаат напорен распоред - строг режим на вежбање и долга листа со обврски, од изведување симулирани вселенски прошетки до одгледување култури. Со други зборови, тоа е тешка работа.
Но, екипажот ќе биде платен за овој подвиг. НАСА на секој учесник му плаќа по 10 долари на час, што е повеќе од 60.000 долари за целата мисија од 378 дена.
Со оглед на сите работи, се чини дека сумата е ниска за таква напорна работа, но повторно, сето ова е за доброто на меѓупланетарната иднина на човештвото.
Во екипажот се Алиса Шенон, Рос Броквел, Кели Хестон и Нејтан Џонс.
- Дефинитивно ќе биде предизвик, но затоа го правиме ова. Нашето справување со тоа и нашите лекции ќе бидат најважните информации што научниците ќе ги добијат од ова истражување - вели инженерот Рос Броквел.
Лекарот Нејтан Џонс беше загрижен за нешто друго.
- Нешто ќе се скрши дома, на пример косилката или нешто слично, но јас нема да бидам таму да го поправам. Мислам дека ќе имам наплив на носталгија кога ќе се случи тоа - вели тој.
Научничката Хестон вели дека е возбудена поради можноста да истражува.
- Да се биде научник, а истовремено да се биде и предмет на тестирање е уникатна и неверојатна позиција -вели таа.
Извор:
Futurism.com
Фото: NASA