Иако честопати сакаме да мислиме дека знаците на талент или интелигенција се јасни на млада возраст, тоа не е секогаш така.
Голем дел од најуспешните луѓе во светот не ни планирале да станат тоа што се денес. На пример, Стив Џобс не бил одличен ученик и често добивал 3 и 4 на училиште.
Но понекогаш патот до славата е многу очигледен. Така, на пример, Бил Гејтс на само 16-годишна возраст ја основал својата прва компанија.
Откријте што правеле најголемите имиња во светот кога биле тинејџери на 16-годишна возраст.
Џеф Безос
Фото: Getty Images
Џеф Безос, кој денес вреди 141,9 милијарди долари, работел во „Мекдоналдс“ кога имал 16 години.
- Во текот на мојата прва недела на работа петгалонски диспензер за кечап се заглави во кујната и исфрли огромна количина кечап насекаде низ кујната. Со оглед на тоа што бев нов, мене ми беше доделена задачата за чистење - раскажува Безос.
Тој вели дека е можно да се научи одговорноста и други клучни лекции во секоја работа, а научил многу и од неговата работа во „Голден Арчес“.
Лекциите што ги научил на работа биле многу поинакви од она што го учел на училиште.
- Најпредизвикувачки беше да се движат работите во одредено темпо без брзање. Менаџерот на „Мекдоналдс“ беше одличен. Имаше многу тинејџери што работеа за него и тој нѐ држеше фокусирани дури и кога се забавувавме - раскажува тој.
Доналд Трамп
Фото: Wikimedia Coomons
Роден во Квинс, Трамп бил ученик на Воената академија во Њујорк, каде што неговиот татко го запишал откако дознал дека тој патувал во Менхетн со пријатели.
Животот на академијата бил сосема различен од животот во неговиот дом.
- На почеток не му се допаѓаше идејата некој да му кажува што да прави, да си го намести креветот, да си ги исчисти чевлите, да си ги измие забите, да го исчисти мијалникот, да напише домашна задача - раскажува инструкторот за тактичка обука Тиодор Добиас.
- Тој сакаше да биде број еден. Сакаше да биде забележан и препознаен. Сакаше комплименти - додава тој.
Лери Пејџ
Фото: Getty Images
Во 1989 година 16-годишниот Лери Пејџ, кој подоцна бил коосновач на „Гугл“, бил ученик во средното училиште „Источен Лeнсинг“ во Мичиген.
Неговите родители биле компјутерски инженери, а неговата куќа обично била во хаос, со компјутерски, научни и технолошки списанија насекаде.
- Уште на рана возраст сфатив дека сакам да создавам работи, па се заинтересирав за технологијата и бизнисот. Кога имав 12 години, знаев дека треба да основам компанија - вели Пејџ.
Покрај интересот за технологијата, Пејџ сакал да свири на саксофон, а учењето музички композиции му помогнало да ги формира ставовите за технологијата и програмирањето.
Бил Гејтс
Фото: АР
Гејтс пораснал во богат, удобен дом во Сиетл каде што се поттикнувале конкуренцијата и напорната работа.
Кога Гејтс бил осмо одделение, клубот на мајки во неговото училиште собрал средства за купување компјутер. Следната година тој бил назначен да направи компјутеризиран распоред на часовите за целото средно училиште.
На 16-годишна возраст Гејтс и неговите пријатели, користејќи го училишниот компјутер, ја основале компанијата наречена „Траф-О-Дата“.
За жал, компанијата не била успешна.
- Заработувавме малку, но се забавувавме - раскажува Гејтс во интервју во 1993 година.
Џ. К. Ролинг
Фото: АР
Ролинг била пример за ученик на училиштето „Вуеден“ во Англија во текот на нејзините тинејџерски години. Таа била претседател на класот и имала петка по англиски, француски и по германски.
Но нејзините тинејџерски години биле обележани и со несреќа. На нејзината мајка ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза кога Ролинг имала само 15 години.
- Не бев многу среќна, тој период од животот ми беше ужасен - раскажува Ролинг во интервју за „Њујоркер“.
Стив Џобс
Фото: АР
Џобс револуционизирал голем дел од технологијата, меѓутоа, бил прилично просечен студент во средното училиште „Хомстад“ во Купертино, Калифорнија.
- Џобс веројатно никогаш не мислел дека ќе биде моќен говорник. Но во една пригода се докажа себеси: станува збор за натпревар за таленти кога тој приреди ласерско светлосно шоу во време кога повеќето од нас никогаш не ни слушнале за ласер. Го следеше својот пат и успеа - вели Тери Анзур, која му била соученичка на Џобс.
Исто така,
Џобс присуствувал на предавања во фабриката „Хјулит-Пакард“. Тој во една пригода од претседателот на компанијата побарал некои делови што му биле потребни за училишниот проект.