6 колеги од работа го пропуштиле натпреварот на нивниот тим (Франција) против Унгарија за Евро 2020 по пристигнувањето во погрешна земја.
Француската репрезентација играше во Будимпешта, главниот град на Унгарија, минатата сабота попладне. Но, група навивачи наместо да патуваат за Унгарија, тие седнале во авион и отпатувале во Букурешт, главниот град на Романија.
Будимпешта/Фото: Freepik
Групата сфатила дека пристигнала на погрешно место неколку часа пред почетокот на натпреварот, па дури и ги помешале украинските фанови, мислејќи дека се унгарски фанови (Украина играше против Австрија во Букурешт минатиот понеделник).
Букурешт/Фото: Freepik
- Мислевме дека се унгарски навивачи кои одат на натпреварот и ги следевме, мислејќи дека со оглед на тоа што се од градот, го знаат патот до стадионот - изјавија навивачите.
Групата одлучила да остане во главниот град на Романија и од таму да го гледа натпреварот. За тоа како можеле да ја направат грешката, тие само дале коментар: - Мора да научиме повеќе за Европа.
Извор:
9gag.com
Фото: Screenshot/YouTube