Нов рекорд во јадење коприви е поставен на Светското првенство во оваа необична дисциплина, кое се одржа на фарма во Вејтон, во близина на англискиот град Бридпорт.
Том Вилер од Лондон изеде 25,4 метри листови и стебленца од коприви, со што го собори претходниот рекорд од 19,5 метри.
Бранителот на титулата во женска конкуренција, Бет Хоџис, ја задржа титулата јадејќи 19,5 метри лисја од коприва, со што го собори сопствениот рекорд од минатата година за 1,2 метри.
Светското првенство во јадење коприва се одржува од осумдесеттите години на минатиот век. На почетокот натпреварот се одржувал во Ботл Ин во Маршвуд, но по затворањето на гостилницата бил преместен во фармата „Дорсет Нектар Сајдер“ во Вејтаун.
На Светското првенство годинава учествуваа околу 30 луѓе од различни делови на светот, меѓу кои Велика Британија, Холандија и Соединетите Американски Држави. Стебленцата од коприва се собираат и се сечат на парчиња од 61 сантиметар.
Победник на натпреварот е оној што ќе изеде најмногу коприви за 30 минути.
Како изгледа кога луѓето се натпреваруваат во брзо јадење коприви, погледнете во следното видео:
Извор:punkufer.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot