X
 29.04.2024 Здравје

Лекар советува на која возраст целосно да престанете да пиете алкохол

Во својата книга „Како да се спречи деменцијата“ од 2023 година, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак, ја открива врската помеѓу алкохолот и шансите за добивање одредени болести.

Тој изјавил дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење големи количини алкохол, може да биде штетно за функцијата на мозокот, вклучувајќи ги и другите органи.

-Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Бидејќи алкохолот ми помага да го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на ризик и веројатно е најдобро да престанете целосно - објаснил тој.

Д-р Рестак предложува сериозно да размислите да се откажете од алкохолот, откако ќе наполните 65 години.

-Воопшто не пијам. Мислам дека треба да престанете околу 65. На таа возраст вашиот мозок веројатно консумирал алкохол колку што му било потребно на вашето тело - вели тој.

Кога алкохолот го оштетува вашиот мозок, тоа влијае и на агилноста на вашето тело, зголемувајќи го ризикот од паѓање.

-Стапката на смртност од падови се зголемува, особено кај постарите мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние кои веќе се погодени од други причини за паѓање, како што се мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата и лекови – додал тој.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје