X
 29.01.2015 Живот

Најголемите лаги што си ги кажуваат студентите

Понекогаш морате да лажете во текот на животот за да поштедите нечии чувства или едноставно да не повредите некоја личност. Но, понекогаш таа личност сте токму вие. Не сакате да се повредите самите себеси? Распоредот и така ви е пренатрупан и нема потреба да се чувствувате лошо кога веќе сте под стрес?

Ви ги нудиме најголемите лаги кои студентите постојано ги кажуваат. (Се препознавате?)

1, Есејот/семинарската ќе ги направам за една вечер

Некои можеби и ќе ги направат, но стресот ќе биде многу поголем. Оние кои успеваат да го завршат прво ќе се пофалат на социјалните мрежи (читај: Фејсбук) дека после 16 часа пишување успеале да напишат есеј, а оние помалку успешните, освен што ќе се чувствуваат лошо, ќе напишат тажен статус како лошиот интернет не им дозволил да ја извршат задачата за која имале три месеци.

2. Уште пет минути

Да бидеме реални, пет минути никогаш не се пет минути. Обично откако ќе го исклучите алармот, тие пет минути се претвораат во пет часа. Некои се откажуваат и продолжуваат да спијат, другите лудо трчаат низ соба, се облекуваат на брзина и брзаат да стигнат на предавање.

3. Не е одолговлекување туку продолжена пауза

Ова е најподмуклото лажење на самите себеси. Обично ова се случува кога започнувате да учите. Значи, мора да биде точно 8, или 8.30, а ако 8.01 минута, или 8.31, учењето автоматски се одложува за минимум половина час. Така сето тоа се врти во круг, од час во час, се` додека не дојде времето за полагање, па совеста ве тера да станете сериозни.

4. Вечер ќе си легнам порано

После оваа изјава никој никогаш не се наспал. Оние поупорните некогаш легнуваат во разумен час, но оние другите, откако ќе го исклучат лап топот, следува мобилниот или таблетот, па така легнуваат доцна во ноќта.

5. Нема се` да изедам, ќе оставам нешто и за утре

Никој никогаш не оставил ништо за другиот ден, барем не по своја волја. Сигурно никогаш не сте оставиле две парчиња од пицата за другиот ден, а нема тоа ни да се случи во блиска иднина.

6. Не треба да фаќам белешки, се` ќе запамтам

Оваа лага обично завршува такашто или подоцна на испит плачете или пред него им се „умилкувате“ на оние „бубалици“ кои биле доволно паметни, па фатиле белешки.

7. Дефинитивно ова можам да ги со овозможам

Долго време ништо не си имам купено, еве сега ќе се почастам себеси со нови чевли - и што се случува? Повторно ви недостигаат пари за до крајот на месецот.

8. Овој семестар ќе одам на сите предавања

Можеби првата недела, само колку да влезете во колосек и да видите дека предавањето е залудно потрошено време.

9. Една чаша пијалок и се враќам дома

Да, се враќате дома, лазејќи на четири нозе.

10. Можам да го оправдам долгиот попладневен одмор

„Врнеше дожд, а јас секогаш сум поспан/а на такво време и не можам да учам“. Доколку нема дожд, тогаш причина е сонцето. „Секогаш ме изненадува сонцето, ме затоплува и така станувам поспан/а“. Престанете да се лажете самите себеси, едноставно започнете да ги извршувате обврските.

11. Од утре започнувам со здрав живот

Или пак не? Ова утре често пати се претвора во понеделник, а понеделникот за брзо време станува идниот месец.

12. Вечерва не излегувам

Доколку ве интересира како завршува оваа лага, прочитајте го бројот 9 погоре.  
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот