X
 01.04.2023 Наука

Студенти ќе испратат ровер на Месечината

Студенти од Универзитетот „Карнеги Мелон“ од САД ќе испратат мал ровер наречен „Ирис“ на Месечината. Тие го прават тоа дури и пред американската вселенска агенција НАСА, која испратила повеќе ровери на Марс, но не и на Месечината.

НАСА планира да испрати ровер на Месечината наредната година. Моментално, на Месечината има ровер испратен од Кинеската вселенска агенција, а на слични програми работат и Грција, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати.

На „Ирис“ работеле околу 300 студенти, а ќе биде лансиран со ракета на американската „Јунајтед лонч алајенс“.



- „Ирис“ ќе започне истражување на Месечината и вселената и ќе докаже дека мал, лесен ровер изграден од студенти може да успее - изјавил Рејвин Дувал, кој учествува во мисијата.

Целта на роверот е да прави фотографии од Месечината кои ќе ги испраќа на Земјата. Тој ќе биде контролиран и следен од тим кој ќе биде сместен на кампусот на универзитетот, а во кој ќе бидат вклучени самите студенти. Освен роверот, студентите ќе испратат и „музеј“ на Месечината, кој ќе содржи материјали и примероци од Земјата.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука