Дали некогаш сте сакале да се разбудите покрај морж? Во одморалиштето „Паири Даиза“, посетителите може да го имаат токму ова искуство.
Одморалиштето, кое било прогласено за најдобра зоолошка градина во Европа, се наоѓа на еден час возење од Брисел, Белгија. Оние кои се одлучуваат да
преноќат во паркот може да одберат сместување во делови од паркот со осум различни теми и поглед на животинскиот свет.
Одморалиштето има 100 соби кои гледаат кон живеалишта на волци, мечки, фоки, тигри, пингвини, поларни мечки и моржови. Во таканаречаната „Куќа на моржот“, собите вклучуваат еден стаклен ѕид кој директно гледа во живеалиштето на животното. „Куќата на поларната мечка“ нуди поглед кон мечките од земја или од вода.
Пакет од два дена со едно ноќевање во паркот, што вклучува и појадок и вечера, чини најмалку 129 евра.
Автор: Брек Флечер
Извор:
Си-ен-ен