X
 05.03.2022 Образование

Студентка открива метод за брзо помнење многу информации

На сите студенти им се случило да мора да научат многу страници за тежок испит. Тихана, студентка на правен факултет од Хрватска, го открива својот метод за брзо помнење многу информации.

- Она што ми помогна во учењето е методот на брзо читање, за кој слушнав сосема случајно пред неколку години, не можам да се сетам точно каде, но признавам дека на почетокот ми беше сомнителен. Долго време не сакав да истражувам, но потоа си реков: „Добро, ништо не ме чини малку да истражам за тоа“ - вели студентката за „Мој факс“.

- Поентата е во тоа дека не треба да го изговараме текстот што го читаме, ни во себе, туку, како да ви кажам, со поглед да го поминувате. Би било добро одеднаш да поминете што повеќе зборови. Секако, тука е потребна одлична концентрација, а добрата вест е дека и за тоа постојат корисни вежби - објаснува Тихана.


Фото: Pixabay

За вежбање, таа ги препорачува таканаречените табели „Шулте“, кои се табели со случајно распоредени броеви или букви кои се користат за вежбање брзо читање, развој на периферниот вид, вниманието и визуелната перцепција.

Тихана вели дека во последно време на тој начин ги подготвува сите испити, иако додава дека без оглед на методот на учење, секогаш треба навреме да се почне со подготовката на испитот. Кога станува збор за времето, таа претпоставува дека ѝ било потребно учење од 4 седмици за целосно да научи скрипта од 200 страници, а со друг метод би ѝ требале неколку месеци.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование