Во Македонија во утринските и раните претпладневни часови ќе биде претежно сончево со локална облачност.
Во претпладневните часови постепно зголемување на облачноста која во попладневните и вечерните часови ќе услови врнежи од дожд во северните, североисточните и источните предели на Македонија.
Во текот на денот ќе дува и умерен јужен и југозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и западен ветер. Ветерот ќе биде посилен во западните предели, каде понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.
Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд. Слаб јужен ветер.
Утринската температура од 4 степени, а дневната до 15 степени.
Во вторник претежно сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од 2 до 10 степени, а дневните ќе достигнат до 13 односно до 22 степени.
Во среда во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попалдне во северните и северозападните предели со услови за слаб дожд. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени,а максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 18 степени.
Во четврток и петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури ќе се движат од -2 до 7 степени, а пак максималните во интервал од 9 до 19 степени.
Weather4all.com.mk