X
 28.08.2017 Живот

Kако се живеело пред 100 години: Просечниот животен век за мажите бил 47 години.

Светот денес не е совршен, меѓутоа оваа листа покажува низ колкав напредок сме поминале во последните 100 години.

Фактите и случувањата се од 1915 година, а иако точноста на оваа листа се оспорува, некои факти не можат да се негираат.

- Просечниот животен век за мажите бил 47 години.
- Горивото се продавало во аптеките.
- Само 14% од домовите имале када.
- Само 8% од куќите имале телефон.
- Максималното ограничување на брзината во многу градови било 16 километри на час.
- Највисоката градба во светот била Ајфеловата кула.
- Просечната заработка на час во Америка за 1910 година изнесувала 22 центи.
- Просечно платен американски работник годишно заработувал помеѓу 200 и 400 долари.
- Забарот годишно можел да заработи 2,500 долари.
- Годишната заработка на ветеринарот била помеѓу 1,500 и 4,000 долари.
- Машинскиот инженер заработувал 5,000 долари годишно.
- Повеќе од 95% од породувањата се случувало дома.
- 90% од сите доктори немале факултетско образование. Наместо тоа, тие посетувале медицинска школа, која во јавноста била оценета под стандардот.
- Повеќето жени косата ја миеле еднаш месечно.
- Користеле боракс или жолчки како замена за шампон.
- Канада донела закон со кој им било забрането на сиромашни луѓе да влезат во нивната земја од било која причина.
- Петте најчести причини за смрт биле: туберкулоза на цревата, воспаление на белите дробови и грип, срцеви заболувања и мозочен удар.
- Американското знаме имало 45 ѕвезди.
- Лас Вегас имал 30 жители.
- Не постоел Денот на мајката и Денот на таткото.
- Двајца од десет луѓе не знаеле да читаат или пишуваат.
- Марихуаната, хероинот и морфиумот биле достапни низ Америка во локалните аптеки. Тогашните фармацевти истакнувале дека хероинот го освежува умот, го регулира стомакот и цревата.
- Пивото во лименка и ледениот чај сè уште не биле измислени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот