X
 14.01.2018 Живот

Зошто постои црногорски, а не постои американски јазик?

Колку јазици знае човекот од Балканот кога на Запад се пријавува за работа и кога треба да достави богато CV? Српски, хрватски, босански, црногорски, словенечки, македонски.


Во годината во која повеќе од двесте експерти за лингвистика и други општествени науки од регионот потпишаа Декларација за заеднички јазик, дојде до сè поголемо распарчување. Обединетиот советодавен комитет за кодификација на јазикот со седиште во Конгресната библиотека во Вашингтон на 8 декември го призна црногорскиот јазик, и со тоа земјата во рамките на меѓународниот стандард доби меѓународен јазичен код  - CNR. Со тоа и се потврди дека црногорскиот јазик не е варијанта на српскиот.

Претседателот на Одборот за стандардизација на српскиот јазик смета дека критериумот е променет, па црногорскиот јазик го добил својот код. Според него, нема лингвистички и социолингвистички основи за црногорскиот јазик да се регистрира како посебен јазик. Исто така, потенцира дека тоа не е само негово мислење, туку е дел од самата област на изучување.

Експертите велат дека во науката постои поим „балканизација“ – дробење на општествените заедници, што секогаш доведува до меѓусебно спротивставување на деловите кои на тој начин настанале. Јазикот служи за обединување на народот и неговата култура, чувајќи го националното паметење, идентитетот, така е насекаде во светот, а на нашиот простор со јазичниот инженеринг се распарчуваат народното битие и културата, сметаат дел од експертите.

За еден јазик да биде посебен, мора да има различна граматичка структура, посебна, неповторлива и недоследна на некој друг, па макар и сроден јазик. Следствено на тоа, експертите сметаат дека црногорскиот се разликува од српскиот во однос на дијалектизмот. Тие посочуваат дека потпирањето на дијалекти за да се направи посебен стандарден јазик е несериозно и укажува на незнаењето на творецот на тој јазик, вели претседателот на Одборот за стандардизација на српскиот јазик. Додава и дека српскиот јазик е загрозен поради нив самите, односно дека има малку часови по српски јазик во училиштата, а на факултетите не се изучува според програмите соодветни на одреден вид студии, па истакнува дека националниот јазик претставува јадро на националниот идентитет и услов за општење во сите видови живот.

Автор на текстот: Слободан Маричиќ
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот