X
 20.12.2016 Живот

Корисни психолошки трикови

Овие трикови ќе ви го олеснат животот и ќе ви помогнат да се справите со стресни ситуации.
Без разлика дали се корисни или не се, секако се интересни и вредни за читање.

1.    Кога група на луѓе (или цело друштво) се смее, луѓето инстинктивно гледаат кон личноста со која се најблиски или сакаат да бидат блиски.

2.    Џвакајте гума за џвакање или јадете нешто кога сте нервозни. Така го измамувате вашиот мозок дека не сте нервозни, бидејќи не можете да бидете во опасност кога јадете.

3.    Ако некој е лут на вас, вие останете смирени, иако во тој момент бидат уште повеќе лути, подоцна ќе се срамат од тоа.

4.    Ако некој ви даде само парцијален одговор на прашањето кое сте му го поставиле, продолжете да гледате во очи и ништо не зборувајте. Личноста ќе претпостави дека нивниот одговор не е доволен и ќе продолжи да зборува.

5.    Изразите на емоции се само еден од начините за предизвикување на вистинските емоции. Така што, ако сакате да се расположите, раширете ги усните во насмевка, колку што можете.

6.    Никогаш не велите или не пишувајте „јас мислам“ или „верувам дека“. Тоа се подразбира, а звучи како да имате недостаток од самодоверба.

7.    Пред интервју за работа, замислете дека личноста која ве интервјуира е ваш стар пријател. Само имајте контрола над вашата перцепција на ситуацијата и ќе се чувствувате опуштено.

8.    Ако покажете голема среќа и возбуда кога ќе видите или сретнете некои луѓе, наредниот пат кога ќе се видите, тие најверојатно ќе покажат уште поголема среќа.

9.    Луѓето секогаш ќе прифатат помала услуга, откако одбиле една или две големи.

10.    Многу физички ефекти на стрес се исти како и ефектите на воодушевување (тешко дишење, брзо чукање на срцето итн.). Ако ја преформулирате својата ситуација како предизвикувачка, вашиот стрес ќе се претвори во возбудување.

11.    Поголемиот дел од луѓето не умеат да ја препознаат разликата помеѓу генијалноста и самодовербата. АКо изгледате како да знаете што правите, луѓето имаат тенденција да се приближат кон вас.

12.    Ако работите нешто што бара контакт со клиенти, поставете огледало позади себе. Луѓето ќе бидат попријатни бидејќи никој не сака себеси да се види кога се однесува лошо.

13.    Кога одите на прв состанок, одберете некои возбудливо и несекојдневно место. Полесно ќе се поврзете со таа личност доколку заедно доживеете возбуда и забава.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот