X
 05.08.2015 Наука

Основните состојки за живот пронајдени на комета

Изминатата недела, неколку истражувања ја раскажаа приказната за слетувањето на леталото „Philae“ на кометата 67П. Поинтересно е тоа што ја раскажаа и приказната за откривањето на основните состојки за живот таму. Не, не е пронајден живот. Но, најден е дел од приказната за почетокот на животот, закопан во замрзнатите карпи.


Она на што мислат научниците кога велат дека се пронајдени состојки за живот на кометата е дека се пронајдени органски молекули. Тоа е голема работа бидејќи со тоа само ги зголемуваме доказите дека животот би можел да постои и надвор од нашата планета. Кометите се особено интересни поради теоријата според која животот на Земјата бил донесен од комета.

Што точно било пронајдено на кометата?

Во експеримент, инструментот за собирање примероци на леталото испратено на кометата собрал молекули од 10 километри над површината на телото. Со анализа на составот на овие примероци биле препознаени 16 различни органски соединенија, од кои 4 никогаш не биле забележани на комета.


Друго истражување го анализирало гасот над површината, каде исто така биле откриени органски молекули. Истражувањата за првпат досега ни покажуваат дека органската хемија може да биде многу развиена на комета.

Но, живот?

Иако многу од органските состојки се претходници на соединенија како шеќери, амино-киселини и нуклеобази кои формираат ДНК, не постои живот на кометата.

Научниците се согласуваат дека постои можност дека ваква комета оставила состојки за живот на Земјата и во совршени услови тие се развивале за да создадат живот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука