X
 28.08.2023 Технологија

Сега може да создадете персонализиран „Чет-ГПТ“

„Чет-ГПТ“ го воодушеви светот со своите можности, а компанијата што стои зад алатката, „Опен АИ“, сега им нуди на компаниите да вклучат дел од таа магија во сопствени чет-ботови.

Имено, им овозможи на компаниите да го приспособат моделот „ГПТ-3.5 турбо“ на нивните потреби и тврди дека вака приспособениот модел може да биде на исто ниво или дури и да ги надмине перформансите на „ГПТ-4“ во одредени задачи. Во блиска иднина „Опен АИ“ планира да ја прошири оваа можност на понапредниот модел.

Процесот на приспособување им овозможува на компаниите да создадат поспецијализиран модел на „Чет-ГПТ“, приспособен на специфични задачи. Така, компаниите можат да развијат чет-бот кој е единствен за нив и нивните потреби, давајќи точни одговори на одреден јазик или за побрзо време. Процесот вклучува користење на претходно обучен модел, сличен на основниот модел, а потоа вметнување податоци специфични за компанијата. „Опен АИ“ нагласува дека овие податоци, како и нивната употреба, ќе останат приватни.

На овој начин компаниите може да го обучат чет-ботот да работи на одреден начин и да задржи одреден стил на комуникација. Компаниите може да го користат ова за рутински задачи за програмирање или за создавање чет-ботови за комуникација со корисници, меѓу другото.

Цената за приспособување на моделот за сопствени намени изнесува 0,008 долари за 1.000 прашања/наредби за обука, 0,012 долари за 1.000 прашања/внесени наредби и дополнителни 0,012 долари за 1.000 прашања/наредби за добивање резултати.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија